

ОСТРОВ СКИЈАТОС
Хотел Белведере – Остров Скијатос 2025
цена од
155
EUR
сега од
124
EUR
Хотел Белведере 4*
Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и рекреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.
Откако ќе пристигнат на пристаништето на Скијатос, гостите на хотелот имаат организиран трансфер до хотелот, и назад на денот на заминување
Хотелот се состои од главна зграда и бунгалови до кои се стигнува по посебно наменети скали (околу 50 скали) за полесен пристап
Хотелот исто така има служба која го пренесува багажот од рецепција до бунгаловите на патниците кои се сместени во истите
Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет.
Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор.
Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.
Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариас и до градчето ќе најдете голем број на ресторани и таверни.
Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.
Што е вклучено во цената
-7 ноќевања во хотел Белведере (цени по лице)
-Појадок во хотелот
-Користење на базенот
-Користење на клима
-Автобуски превоз – Скопје,Велес,Неготино,Смоквица и Гевгелија
-Целосна логистика при сместување и одјавување
-Туристички претставник од агенцијата одговорен за време на вашиот одмор
-Туристички пратител за време на патувањето
-Цените се изразени по лице
Што не е вклучено во цената
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Доплата за туристичка такса 10 евра од соба од ден
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
-Најдолe од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.
План и програма
Термините за Лето 2025 та на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање
Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.
Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.
Поаѓање за Македонија секој четврток.







