Уживајте во градот на два континента, прекрасниот Босфор. Истанбул ќе ве остави без здив.
ПАКЕТ PREMIUM - 65 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
-
Посета на населбата Кадикој во Азија
-
Крстарење по Босфорот
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
-
Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија
ПАКЕТ SILVER - 55 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул
-
Посета на населбата Кадикој во Азија
-
Крстарење по Босфорот
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
Прв ден – Петок (05.09)
Средба на групата на паркингот пре спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – Сабота (06.09)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот и во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија ,Аја Софија и Сината џамија.
- После разгледите слободно време за индивидуални прошетки и разгледи и враќање во хотелот. Сместување во собите. Во вечерните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула.
Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
Трет ден – Недела (07.09)
- По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
Четврт ден – Понеделник (08.09)
По појадокот, следува одјавување од хотелот и поаѓање за едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пиер Лоти каде се искачуваме со жичара а слегуваме пешки. По разгледот можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.
Во цената е вклучено:
-
Превоз на наведената релација со туристички автобус
-
2 ноќевања со појадок во хотел
-
Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
-
Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
-
Туристички пратител за време на престојот
-
Oрганизација на аранжманот
Во цената не е вклучено:
Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден.
Факултативни излети:
-
Крстарење по Босфорот – 20 евра
-
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој – 20 евра
-
Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој – 20 евра
-
Пиер Лоти , Балат и Вселенската патријаршија, – 10 евра
-
Турска вечер на брод на Босфорот со вечера – 45 евра
По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој во моментов се реновира.