Врњачка Бања – српска кралица на бањскиот туризам
Врњачка Бања е најпознатото и најпосетувано бањско место во Србија, сместена во живописната долина на реката Врњачка, под падините на планината Гоч. Позната по своите лековити минерални извори, уредени паркови и пријатна атмосфера, оваа бања нуди совршен спој на релаксација, здравје и забава.
Со своите модерни хотели, wellness центри, термални базени и богата гастрономска понуда, Врњачка Бања е идеално место за одмор во секое годишно време.
💧 Минерални извори во Врњачка Бања
Врњачка Бања е позната по своите седум минерални извори, од кои четири се користат за лековити и туристички цели. Најпознат е топол изворот „Топла Вода“, единствениот во Европа со температура и состав идентични на човечкото тело (околу 36,5°C).
Останатите извори се:
-
Снежник,
-
Слатина,
-
Језеро,
-
Бели извор,
-
Врњачко врело,
-
Велнес извор (Ново врело).
Минералните води се користат за третман на стомачни, дигестивни и метаболни заболувања, а денес Врњачка Бања комбинира традиционална бањска терапија со современ wellness и spa програми, што ја прави еден од најатрактивните туристички центри во Србија.
Сместување: Spa Resort & Hotel Vrnjačke Terme (4★)
Хотелот нуди врвна удобност и целосно уживање. На располагање се внатрешни и надворешни термални базени, спа и велнес центар со сауни, парни бањи,солена соба и џакузи. Гостите можат да уживаат во ресторан со богата гастрономска понуда, кафе-бар, фитнес сала и простор за релаксација. Хотелот располага со бесплатен Wi-Fi и современо уредени соби, идеален за одмор и уживање во Врњачка Бања.
За патување потребен е биометриски пасош или лична карта
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус или минибус (зависно пријавената бројка) на наведената релација
–Неограничено користење на Aqua зоната (џакузи, пет внатрешни базени – рекреативен, детски со тобогани, релакс, пливачки; сите базени содржат термоминерална вода со температура од 32°–36°C) и Wellness центарот (сауна, солена соба, тепидариум, парна бања), фитнес сала, Wi-Fi и надворешен паркинг.
– Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
– Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок (опционална доплата за вечера 15€ по лице од ноќ)
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
– Доплата за туристичка такса 5€/310 ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција);
– Факултативна посета на манастирот Жиче,Роман и Ѓунис а 20€ (доплата на лице место)
Попусти и опционални доплати:
– Дете до 6,99год во придружба со 2 возрасни бесплатно во хотел (без сопствено легло) доплаќа само за превоз
35€/2.170ден
– Доплата за еднокреветна соба 35€/2.480ден на цената на аранжманот
Деца до 3 години не плаќаат за нивниот престој.
Деца од 3 до 10 години имаат попуст од 50%.
Политика за откажување:
Согласно деловната политика на хотелот, поради откажување на резервацијата, не е можно да се вратат уплатените средства (аванс).
💫 **ПРВ ДЕН: 26.12.2025 (петок)
КИЧЕВО – ВРЊАЧКА БАЊА**
Состанок на групата пред агенцијата во Кичево во 03:30 часот, а поаѓање во 04:00 часот.
Патот води преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и завршување на царинските формалности.
Пристигнување во Врњачка Бања наутро, правиме информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања:
👉 Мостот на Љубовта
👉 изворот Топла Вода
👉 Римските извори
👉 изворот Снежник
👉 изворот Језеро
👉 изворот Слатина
По разгледот се упатуваме во хотелот. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот.
Ноќевање.
💫 **ВТОР ДЕН: 27.12.2025 (сабота)
ВРЊАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА**
Појадок во хотелот.
Факултативна посета на манастирот Жича, еден од најзначајните споменици на српската духовност. Манастирот потекнува од првата половина на 13-от век и е познат по тоа што токму овде бил крунисан првиот крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава.
Внатрешноста на црквата е украсена со впечатливи фрески од т.н. „златно доба“ на српското сликарство, создадени во раниот 13-ти век. Благодарение на своето историско и културно значење, манастирот денес е заштитен споменик на културата на Србија.
По посетата – враќање во Врњачка Бања. Слободно попладне за индивидуални активности, прошетка низ центарот на бањата, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот.
Ноќевање
💫 **ТРЕТ ДЕН: 28.12.2025 (недела)
ВРЊАЧКА БАЊА – МАНАСТИР РОМАН – МАНАСТИР ЃУНИС – КИЧЕВО**
Појадок во хотелот и одјава од собите.
Потоа следува посета на манастирот Роман, еден од најстарите српски манастири, кој според преданието потекнува од 9–10 век. Познат е по својата тивка и духовна атмосфера и по живописната природа која го опкружува.
Патувањето продолжува кон манастирот Ѓунис, познато светилиште посветено на Пресвета Богородица, кое секоја година го посетуваат голем број верници поради неговата духовна и исцелителна моќ.
По посетата на манастирите, заминување кон Македонија. Патот води преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
Планирано пристигнување во Кичево во вечерните часови.
🧭 УПАТСТВА И ОПШТИ НАПОМЕНИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги општите услови за патување на организаторот пред уплата или резервација.
Доколку дојде до непредвидени околности („виша сила“) кои не зависат од агенцијата, а патувањето не може да се реализира, средствата ќе бидат вратени на патникот во целост.
Во случај патувањето да може да се одржи според планот, но патникот самостојно го откаже, се применуваат правилата утврдени во Општите услови за патување.
Имајте предвид дека поради државни или верски празници на одредени дестинации, е можно некои објекти (музеи, продавници, ресторани, трговски центри) да не работат. Во такви ситуации, редоследот на активностите може да биде променет, без да се наруши квалитетот на програмата.
Патниците кои имаат интерес за посета на конкретни локации се советуваат предвреме преку интернет да проверат работно време и услови за влез.
Од моментот на пријавување започнуваат административни трошоци (хотелски резервации, транспорт, обработка на документи итн.), па секое откажување предвидува надомест според табелата во Општите услови за патување.
За откази направени пред законскиот рок, се задржуваат 10 евра по лице за административни трошоци.
Поради почитување на временската рамка во програмата, не е можно задржување на граница за регулирање на поврат на средства преку TAX FREE системот.
Државјаните на Република Северна Македонија со важечки биометриски пасош можат да патуваат во земјите потписнички на Шенген договорот без виза, во согласност со правилата на Европската Унија.
Важно: агенцијата не сноси одговорност доколку граничните власти одбијат влез во која било земја, вклучително и Турција.
Патниците со странско државјанство се должни самостојно да се информираат за визниот режим на земјите низ кои патуваат.
При пријавување, патникот мора да ги наведе точните лични податоци (име, презиме, датум на раѓање) – исто како во пасошот.
Неточни податоци можат да предизвикаат проблеми при сместување или пасошка контрола, за што агенцијата не сноси одговорност.
Пасошот мора да има минимум 6 месеци важност пред влез во Турција.
Доколку поради невалиден пасош патникот не биде пропуштен на граница, агенцијата нема обврска за враќање на средствата или организирање повратен превоз.
При резервација е потребно да се достави копија од пасош и контакт телефон.
Граничните служби може да побараат доказ за финансиски средства или патничко осигурување.
Агенцијата најдоцна два дена пред поаѓање ги известува патниците за точниот час и место на тргнување.
Во хотелот се влегува по 14:00 часот на првиот ден.
Сите хотели во понудата се категоризирани од надлежните институции во земјата, а нивниот опис е информативен и превземен од официјални извори.
Организаторот не сноси одговорност за можни отстапки во квалитетот на услугата, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Времетраењето на слободното време за индивидуални активности зависи од објективните околности на самата тура.
Агенцијата не одговара за информации дадени усно, доколку не се потврдени во писмена форма.
Секој потписник на договор за патување е должен да ги информира своите сопатници за сите услови, програма и начинот на плаќање.
Распределбата на собите се врши на рецепција при пристигнување, а агенцијата може само да ги проследи барањата, но не гарантира нивно исполнување.
Поради глобални околности, можно е промени во квалитетот на хотелскиот сервис, на што агенцијата нема влијание.

