Сараево и мостар
![]() | ![]() | ![]() | ![]() |
|---|
129€
редовна цена:
99€
ПРОМО ЦЕНА:
(со задолжителен факултативен пакет 35 €) со уплата до 20.11.2025
✨ 8 ДЕКЕМВРИ – САРАЕВО, МОСТАР И ВИШЕГРАД
Доживеј го духот на Босна и Херцеговина!
Патување низ градови полни со историја, култура и убавина —
од шармантните улички на Башчаршија, преку легендарниот Мостарски мост,
до романтичниот Вишеград и мостот на Дрина.
Откриј ги сите бои, вкусови и приказни на овој магичен регион!
🚍 5 ДЕКЕМВРИ (петок) – Поаѓање кон Сараево
➡️ Поаѓање од Охрид и Струга во 18:00 часот.
Патниците од Кичево се приклучуваат во 19:00 часот.
Патувањето продолжува преку Гостивар, Тетово, Скопје и Куманово
(точните термини ќе бидат дополнително договорени).
🚌 Во вечерните часови групата се упатува кон граничниот премин Табановце,
со попатни паузи за одмор и освежување низ Србија, пред пристигнување во Босна и Херцеговина.
🗓 6 ДЕКЕМВРИ (сабота) – Сараево: град со душа
• Пристигнување во Сараево во утринските часови.
• Разглед на градот со локален водич:
фонтана Себиљ, калдрмисани улички на Башчаршија,
занаетчиски дуќани, кафеани и традиционални босански ќепенци.
• Сместување во хотел и слободно време за одмор.
• После пладне – ноќно Сараево (факултативен панорамски разглед со автобус)
и можност за индивидуална прошетка низ градот под светлата на вечерта.
ноќевање
🗓 7 ДЕКЕМВРИ (недела) – Целодневна факултатива: Мостар, Благај, Коњич, Јабланица
• Појадок.
• Коњиц – можност за посета на Титовиот бункер, тајна воена база од времето на Студената војна. влез 20евра
•Јабланица посета на музејот и местото на легендарната Битка на Неретва.
• Благај – посета на дервишкиот манастир покрај изворот на реката Буна.
• Мостар – прошетка низ калдрмисаните улици, посета на Стариот мост, локални дуќани и кафулиња.
• Враќање во Сараево.
Ноќевање 💰 Факултатива – пакет „Мостар – Благај – Коњич – Јабланица“: 50€
🗓 8 ДЕКЕМВРИ (понеделник) – Врело Босне, Тунел на спасот, Вишеград – Македонија
• Појадок и одјава од хотел.
• Посета на Врело Босне – природен бисер со кристално чисти извори и мирни пешачки патеки.
• Тунел на спасот – музеј и симбол на отпорот на Сараево.
• Потоа патување кон Вишеград – посета на Андриќград и познатиот Мост на Дрина.
• По завршената посета, патување кон Македонија со попатни паузи.
• Пристигнување во вечерните/ноќните часови.
💰 Факултатива – пакет „Ноќно Сараево – Врело Босне – Тунел на спасот“: 35€ (задолжителен пакет)
💵 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Промо цена: 99 € (со задолжителен факултативен пакет 35 €) со уплата до 20.11.2025
Редовна цена: 129 €
✅ Во цената е вклучено:
-
2 ноќевања со појадок во хотел во Сараево
-
Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
-
Туристички придружник за време на целото патување
-
Разглед на Сараево со локален водич
-
Посета на Вишеград и Андриќград
❌ Во цената не е вклучено:
-
Факултативен пакет Ноќно Сараево – Врело Босне – Тунел на спасот – 35 € (задолжителен)
-
Факултативен пакет Мостар – Благај – Коњич – Јабланица – 50 €
-
Хотелска такса 3 евра за два ноќи
-
Задолжително патничко осигурување 150 ден.
ℹ️ Дополнителни информации:
-
За реализација потребни минимум 40 патници, за факултативи минимум 20 пријавени.
-
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програмата доколку има потреба.
-
Патувањето се реализира со валидна лична карта или пасош.
-
Во случај на непредвидени околности („виша сила“), уплатените средства ќе бидат вратени.
-
Откажување од патувањето се регулира според општите услови.
-
Резервација на конкретно седиште: доплата 15 €.
-
Точниот час и место на поаѓање ќе бидат објавени 2 дена пред патувањето.
-
При резервација е потребно да се достави копија од пасош и контакт телефон.
-
Агенцијата најдоцна два дена пред поаѓање ги известува патниците за точниот час и место на тргнување.
-
Во хотелот се влегува по 14:00 часот на првиот ден.
-
Сите хотели во понудата се категоризирани од надлежните институции во земјата, а нивниот опис е информативен и превземен од официјални извори.
-
Организаторот не сноси одговорност за можни отстапки во квалитетот на услугата, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
-
Важно за малолетни лица:
-
Деца кои патуваат без еден родител мора да имаат заверена согласност од другиот родител.
-
Доколку патуваат без родители, потребна е согласност од двата родители и присуство на овластен пратител при премин на граница.
-
Во случај на промена на девизниот курс или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената, да ја измени програмата или да ја спои турата со друга група/агенција.
-
Организаторот има право да нуди last minute понуди или акции по различни цени.
-
Патниците кои веќе уплатиле по стара цена немаат право на поврат поради промена на цената.
-
Аранжманот е формиран врз основа на минимум 40 патници.
-
Доколку поради невалидна патна исправа патникот не биде пропуштен на граница, агенцијата нема обврска за враќање на средствата или организирање повратен превоз.



