top of page

Истанбул

ИСТАНБУЛ 🌆 ИСТАНБУЛ – 3 ДЕНА АВАНТУРА И МАГИЈА

  1. Поаѓање – Четврток (13.11)

  2. *Планирано поаѓање од Кичево во 18ч часот, состанок со групата пред агенција * Патување преку граничен премин Богородица.

  3. Планирано враќање до 13ч

🕌 Ден 1 (петок) - 14.11 – Добредојдовте во Истанбул

По пристигнувањето во Истанбул, трансфер и сместување во хотел. Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

започнуваме со нашата прва прошетка и запознавање со градот.

Доколку групата е поголема, денот ќе го започнеме со посета на познатата панорамска точка Пјер Лоти,

Потоа го откриваме славното Султанахмет подрачје, срцето на историскиот Истанбул:
• Аја Софија – симбол на Истанбул и ремек-дело на византиската архитектура.
• Топкапи Сарај – поранешната резиденција на османлиските султани со богати колекции на накит, оружје и историски реликвии.
• Сината џамија – една од најубавите џамии во светот, позната по своите сини плочки и импозантна архитектура.

По разгледот, продолжуваме кон плоштадот Бејазит и легендарната Капали Чаршија (Големата покриена чаршија) – еден од најстарите и најголеми пазари во светот, со повеќе од 4000 продавници.
Ќе имаме време (приближно 2–3 часа) за слободни активности, истражување, купување сувенири и уживање во шаренилото на чаршијата.

🕍 Ден 2 (сабота) - 15.11  – Историското срце на Истанбул

По појадокот, го започнуваме денот со прошетка низ шармантниот кварт Балат – еден од најстарите и најубави делови на градот, познат по своите шарени куќички, тесните улички и боемската атмосфера.

Ќе направиме пешачка тура покрај Вселенската патријаршија, едно од најзначајните духовни седишта на православието, како и ќе ја посетиме прекрасната Железна црква „Св. Стефан“, единствена во светот изградена целосно од железо – вистински архитектонски бисер.

Потоа продолжуваме со кружење со брод по Босфорот, каде ќе уживаме во панорамскиот поглед кон градот, неговите мостови и луксузни палати долж брегот.

По крстарењето, се упатуваме кон познатиот плоштад Таксим, модерното срце на Истанбул, полно со живот, ресторани и продавници. Ќе прошетаме по познатата улица Истиклал, а денот го завршуваме со посета на Галата кулата, од каде се отвора спектакуларен поглед кон Златниот Рог и Босфорот.

☕ Ден 3 ( недела ) 16.11 – Последни впечатоци и заминување

По појадокот, имаме време за последни прошетки или шопинг.
Посета на Форум Истанбул – еден од најголемите трговски центри во градот, со бројни продавници, кафулиња и можност за купување подароци пред заминување.

Потоа следува враќање дома – со полни срца, прекрасни фотографии и спомени од магичниот Истанбул.

ЦЕНА: 119 Евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели

  • Автобуски превоз на дадената релација

  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,

  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

  • туристички пратител за време на престојот

  • организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување – информации во агенција !

  • Задолжителна доплата за туристичка такса 1,5 евро по лице од ден
    Факултативните излети:

  • Крстарење по Босфорот,таксим и балат  – 50 евра

  • Пјер лоти 10 евра

ИНФОРМАЦИИ:

  • За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот

  • известување: Проверка на пасошот
    Потребно е пасошот да биде важечки најмалку 6 месеци по датумот на влез и излез од Република Турција.

  • Сите цени се изразени во евра, а пресметката се врши по курс од 62 денари за едно евро.

  • Доплата за сингл соба изнесува 25 евра по аранжман, поради неискористен втор кревет.

  • Деца од 0 до 2,99 години патуваат бесплатно (спијат со родителите).

  • Деца од 3 до 11,99 години, во придружба на двајца возрасни, плаќаат 50% од цената на аранжманот.

  • Дете од 12 години, доколку патува со едно возрасно лице, плаќа целосен износ (100%) од аранжманот.

Видот на собата се доделува од хотелот на лице место, во зависност од моменталната достапност.

Сместување во автобус:

  • Распоредот на седиштата се врши според редоследот на уплатите.

  • Доколку имате посебно барање за седиште, може да се изврши резервација со доплата од 15 евра (во двата правци).

Агенда на патувањето:

  • Тргнување 13.11.2025

  • Охрид/Струга-17ч

  • Кичево- 18ч

  • Тетово- 16:30ч

  • Гостивар- 17:00ч

Доколку патниците не се од Кичево, се доплаќа за трансфер, зависно од кој град се.

  • Се патува преку Грција со попатни паузи.

🧭 УПАТСТВА И ОПШТИ НАПОМЕНИ

 

Ве молиме внимателно прочитајте ги општите услови за патување на организаторот пред уплата или резервација

 

Доколку дојде до непредвидени околности („виша сила“) кои не зависат од агенцијата, а патувањето не може да се реализира, средствата ќе бидат вратени на патникот во целост.

 

Во случај патувањето да може да се одржи според планот, но патникот самостојно го откаже, се применуваат правилата утврдени во Општите услови за патување.

Имајте предвид дека поради државни или верски празници на одредени дестинации, е можно некои објекти

(музеи, продавници, ресторани, трговски центри) да не работат.

 

Во такви ситуации, редоследот на активностите може да биде променет, без да се наруши квалитетот на програмата.Патниците кои имаат интерес за посета на конкретни локации се советуваат предвреме преку интернет да проверат работно време и услови за влез.

 

Од моментот на пријавување започнуваат административни трошоци (хотелски резервации, транспорт, обработка на документи итн.), па секое откажување предвидува надомест според табелата во Општите услови за патување.За откази направени пред законскиот рок, се задржуваат 10 евра по лице за административни трошоци.

 

Поради почитување на временската рамка во програмата, не е можно задржување на граница за регулирање на поврат на средства преку TAX FREE системот.

Државјаните на Република Северна Македонија со важечки биометриски пасош можат да патуваат во земјите потписнички на Шенген договорот без виза, во согласност со правилата на Европската Унија.Важно: агенцијата не сноси одговорност доколку граничните власти одбијат влез во која било земја, вклучително и Турција.

 

Патниците со странско државјанство се должни самостојно да се информираат за визниот режим на земјите низ кои патуваат.При пријавување, патникот мора да ги наведе точните лични податоци (име, презиме, датум на раѓање) – исто како во пасошот.Неточни податоци можат да предизвикаат проблеми при сместување или пасошка контрола, за што агенцијата не сноси одговорност.Пасошот мора да има минимум 6 месеци важност пред влез во Турција.

Доколку поради невалиден пасош патникот не биде пропуштен на граница, агенцијата нема обврска за враќање на средствата или организирање повратен превоз.

При резервација е потребно да се достави копија од пасош и контакт телефон.Граничните служби може да побараат доказ за финансиски средства или патничко осигурување.Агенцијата најдоцна два дена пред поаѓање ги известува патниците за точниот час и место на тргнување.

 

Во хотелот се влегува по 14:00 часот на првиот ден.Сите хотели во понудата се категоризирани од надлежните институции во земјата, а нивниот опис е информативен и превземен од официјални извори.Организаторот не сноси одговорност за можни отстапки во квалитетот на услугата, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.Времетраењето на слободното време за индивидуални активности зависи од објективните околности на самата тура.Агенцијата не одговара за информации дадени усно, доколку не се потврдени во писмена форма.Секој потписник на договор за патување е должен да ги информира своите сопатници за сите услови, програма и начинот на плаќање.Распределбата на собите се врши на рецепција при пристигнување, а агенцијата може само да ги проследи барањата, но не гарантира нивно исполнување.Поради глобални околности, можно е промени во квалитетот на хотелскиот сервис, на што агенцијата нема влијание.Агенцијата не организира дополнителни излети на самото место и не е одговорна за реализацијата на факултативните програми кои се во организација на локални партнери.Цените се формирани врз основа на локалната категоризација на објектите.Во случај на штета или дополнителни трошоци поради непочитување на упатствата, одговорноста ја сноси самиот патник.Организаторот го задржува правото да направи промени во редоследот на програмата во случај на непредвидени околности.Важно за малолетни лица:Деца кои патуваат без еден родител мора да имаат заверена согласност од другиот родител.Доколку патуваат без родители, потребна е согласност од двата родители и присуство на овластен пратител при премин на граница.Во случај на промена на девизниот курс или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената, да ја измени програмата или да ја спои турата со друга група/агенција.Организаторот има право да нуди last minute понуди или акции по различни цени.Патниците кои веќе уплатиле по стара цена немаат право на поврат поради промена на цената.Аранжманот е формиран врз основа на минимум 40 патници.Доколку не се постигне потребниот број, агенцијата може да го откаже патувањето најдоцна 5 дена пред поаѓање.Со оваа програма важат Општите услови за патување на организаторот.

Classic Title

bottom of page