ЛЕТО НА ОСТРОВ КРФ
Вила Василис- Крф Лето 2025
цена од
231
EUR
сега од
103
EUR
За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасиа, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.
Што е вклучено во цената
-
Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
-
Организиран превоз од Велес, Неготино, Смоквица, Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип
-
7 ноќевања 8 дена во вила Василис (цени по лице)
-
Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Што не е вклучено во цената
-
Факултативни излети
-
Патничко осигурување
-
Клима
-
Туристичка такса (14 евра од студио за 7 ноќевања која се плаќа задолжително во автобус)
-
Повратен билет за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
План и програма
- ПРВ ДЕН (ПОАЃАЊЕ)
Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот, односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос. Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.
ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН (ПРЕСТОЈ)
По пристигнувањето и сместувањето, нашиот локален водич ќе одржи инфо состанок, на кој што ќе ги добиете сите потребни информации во врска со Вашиот престој на островот, за самото летувалиште Ипсос, и секако програмата со факултативни излети кои ќе можете да ги одберете во овие 7 дена.ѐ
ОСМИ ДЕН (ВРАЌАЊЕ)
Одјавување од собите до 09:00 часот локално време, и слободно време за прошетка и користење на плажа до договореното поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Сместување:
- Вила Василис
Вила Василис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Опремени со мини кујна, купатило, Wi-Fi. Секое од сместувањата има тераса.Собите се пространи и светли, се наоѓаат на високо приземје и прв спрат. Кујните имаат фрижидер. Одалечено е пет минути пеш од плажата во Ипсос.Во апартманите наменети за 4 лица, може да се сместат 4 лица, плаќаат 4 цели суми, доколку се сместат 3 лица плаќаат 3 цели суми, доколку се сместат 3 возрасни лица и едно дете до неполни 12 години, плаќаат 3 цели суми и 50% од редовната цена на аранжманот.
