Дводневно патување до Фестивалот на мимозите – 13 и 14 февруари 2026
„Мимозата не е само цвет – таа е симбол на радост, љубов и пролетниот дух што го носи секој град што ја чува во своето срце.“ Придружете ни се на патување кое ќе ве однесе во убавините на Бока Которска и во магијата на Фестивалот на мимозите во Херцег Нови.
Прв ден: 13.02.2026 (петок)
-
12.02.2026 – 00:00 – Поаѓање од Кичево со туристички автобус кон Тиват.
-
Пристигнување во Тиват околу 10:00 часот наутро.
-
Прошетка низ Порто Монтенегро и Приморскиот парк со кратка пауза за кафе и колачи, можност за сувенири и фотопауза (10:00 – 13:00).
-
13:00 – Сместување во хотел во Тиват и време за одмор.
-
16:00 – Поаѓање кон Херцег Нови за да уживаме во концертите на Горан Каран и Нина Бадриќ како дел од фестивалската програма.
-
Враќање во Тиват во доцните часови, ноќевање.
Втор ден: 14.02.2026 (сабота)
-
Појадок во хотелот.
-
По појадокот– Заминување кон Баошиќи, каде што ќе се одржи централната манифестација на Фестивалот на мимозите и настапот на Калиопи. Улична забава, дефиле на мажоретки, музика и локални деликатеси – вкус и радост за сите сетила.
-
Попладне – враќање во хотелот во Тиват, време за користење на хотелските содржини и релаксација.
-
Слободно време за прошетка или уживање во морскиот воздух пред повратокот.
Трет ден: 15.02.2026 (недела)
-
Појадок и кратка прошетка во Будва.
-
Пред пладне – заминување кон Македонија и пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА:139 евра
Во цената на аранжманот е вклучено:
-
Две ноќевања во хотел со 4* во Тиват
-
Превоз: Кичево-Тиват-Херцег нови-Назад
-
Два патувања со траект од Тиват до Херцег Нови и назад
-
Лиценциран туристички водич и придружник
-
Посета на Тиват, Херцег Нови139, Баошиќи и Будва
-
Користење на хотелските содржини: хидромасажен базен, финска сауна, парна бања и тепидариум
Во цената не е вклучено:
-
Туристичка такса од 1,5 евра по лице и по ноќевање или вкупно 3 евра
-
Патничко осигурување задолжително
* За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативите потребен е минимум број од 20 пријавени.
* Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата доколку предвиди дека е потребно.
* Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
* Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
* Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
* Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
