ПРОМО ЦЕНА:129 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА:149 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНАТА ВАЖИ ДО 01.04.2026
30.04 – Поаѓање од Македонија во доцните вечерни часови.
Ноќно патување со попатни паузи за одмор.
01.05 – Дубровник – Билеча
Пристигнување во утринските часови во Дубровник, еден од најпознатите и најубави градови на Јадранското море.
Организирана разгледна тура со локален туристички водич (задолжителна екскурзија – 35€ по лице).
Разглед на Стариот град, по разгледот продолжување кон Билеча.
Сместување во хотел.
Вечерта слободно време за прошетка и индивидуални активности.
Ноќевање.
02.05 – Билеча – Манастир Тврдош – Требиње – Фестивал на виното
Појадок.
Попладне поаѓање кон Билечкото езеро, кратка пауза за фотографирање и уживање во природата.
Продолжување кон Манастир Тврдош, еден од најзначајните православни манастири во Херцеговина, познат по својата богата духовна традиција и винарија.
Потоа се упатуваме кон Требиње, каде ќе го посетиме Фестивалот на виното – Wine Fine Trebinje.
Фестивалот се одржува на централниот градски плоштад и е посветен на традицијата на херцеговачките вина и гастрономија. Посетителите ќе имаат можност да:
дегустираат различни видови локални и регионални вина, ќе пробате традиционални херцеговачки специјалитети ќе се запознаеме со винарите и производителите на виното и ќе уживаме во жива музика и фестивалска атмосфера во центарот на градот.
Во вечерните часови (околу 23:00 часот),
враќање во сместувањето. Ноќевање.
03.05 – Херцег Нови – Македонија
Појадок.
По појадокот поаѓање кон Македонија.
Попатна посета на Херцег Нови, прекрасен приморски град на влезот од Бока Которска.
Слободно време за прошетка низ:
-
стариот град
-
шеталиштето покрај морето
-
Можност за кафе
-
Се задржуваме околу 2. часа
По посетата продолжување на патувањето кон Македонија.
Пристигнување во вечерните часови.
Напомена:
Маршрутата на патување и граничниот премин преку кој ќе се реализира патувањето ќе бидат одредени во зависност од местото на поаѓање на поголемиот дел од патниците. Доколку најголемиот дел од групата е од Скопје, патувањето ќе се реализира преку граничниот премин Блаце, а доколку поголемиот дел од патниците е од Кичево и западниот дел на Македонија, ќе се патува преку Албанија.
Во цената е вклучено:
-
Автобуски превоз на наведената релација
-
2 ноќевања со сместување во Билеча ***
-
траект во Бока Которска
-
Влезница за Фестивалот на виното во Требиње со можност за дегустација на вина и гастрономски специјалитети
-
Посета на Манастир Тврдош
-
Посета и разглед на Херцег Нови
-
Организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено
-
Разглед на Дубровник со локален туристички водич – 35 € (задолжителна екскурзија)
-
Туристичка такса – 3 € по лице за двата дена
-
Патничко осигурување
-
Напомена:
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 пријавени патници.
Доколку не се обезбеди потребниот број, организаторот го задржува правото да го откаже патувањето, при што патниците ќе бидат известени најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање.
Патниците ќе бидат известени за точното време и место на поаѓање најдоцна два дена пред реализацијата на патувањето.
Организаторот го задржува правото да изврши промена на редоследот на активностите во програмата, доколку тоа е неопходно, без да се наруши содржината на аранжманот.
За ова патување задолжително е поседување валиден пасош, со важност најмалку три месеци пред истек, поради влез во Република Хрватска.
Во случај на околности од виша сила (природни непогоди, безбедносни ситуации или други непредвидени настани) поради кои патувањето не може да се реализира, уплатените средства ќе бидат вратени на патниците.
Доколку патувањето се реализира согласно програмата, а патникот се откаже од патувањето, откажувањето ќе се врши согласно Општите услови за патување на агенцијата.
Времетраењето на слободното време за индивидуални активности може да варира во зависност од објективни околности (сообраќај, гранични процедури и сл.).
Организаторот не учествува во организацијата на индивидуалните активности на патниците за време на слободното време.
Патниците се должни да ги почитуваат упатствата на организаторот и придружникот на групата.
Доколку поради непочитување на истите дојде до штета или дополнителни трошоци, истите ги сноси патникот.
ВАЖНО: Малолетни лица кои патуваат без еден родител треба да поседуваат писмена согласност од другиот родител за преминување на граница. Доколку патуваат без присуство на двајцата родители, потребна е нотарски заверена согласност од двата родитела, како и придружба на полнолетно лице.
Организаторот го задржува правото слободните капацитети во аранжманот да ги понуди по промотивна или last minute цена, која може да се разликува од претходно објавената цена.
Напомена: Поради можни задржувања на граничните премини, како и зголемена туристичка фреквенција во Дубровник, можно е да дојде до мали измени во временската рамка на програмата.
Со оваа програма важат Општите услови за патување на туристичката агенција.

