🚌 Агенда за еднодневна екскурзија во Солун
Поаѓање:
Поаѓањето од Кичево е во 5:00 часот наутро, со организиран трансфер за поголема група патници од Охрид, Македонски Брод и Гостивар. Патувањето се одвива по две можни рути:
-
Кичево – Прилеп – Граничен премин Богородица, или
-
Кичево – Битола – Граничен премин Меџитлија, во зависност од организацијата и условите на пат.
Пристигнување во Солун:
Пристигнувањето во центарот на Солун е предвидено околу 10:30 ч. Таму патниците ќе имаат околу 2,5 часа слободно време за прошетка и разглед на градот. Во овој период постои можност за факултативно крстарење со брод, како и уживање во кафе покрај море.
Шопинг во Солун:
После разгледот на центарот, групата се упатува кон трговскиот центар Cosmos, идеален за љубителите на шопинг.
Враќање:
По завршувањето на шопингот и слободното време, поаѓањето назад кон Македонија е во 17:00 ч. Пристигнување во Кичево се очекува во вечерните часови.
Со ова патување важат општите правила на патување