top of page

ТРИКАЛА И МЕТЕОРИ – ПРЕДНОВОГОДИШНА ПРАЗНИЧНА БАЈКА

Еднодневно патување | Грција | 2026

Подгответе се за еден поинаков празничен ден, исполнет со светилки, насмевки, традиција и незаборавни доживувања!

Оваа зима ве водиме на едно посебно патување во Грција, каде што ќе ги откриеме величествените Метеори и ќе ја почувствуваме вистинската божиќна магија во Трикала.

Ќе уживаме во прекрасните пејзажи, ќе посетиме традиционална работилница за изработка на икони, а денот ќе го завршиме во познатото Божиќно село – место кое во празничниот период се претвора во вистинска зимска бајка.

​

ДАТУМИ НА ПАТУВАЊЕ

  • 28.11.2026

  • 29.11.2026

  • 12.12.2026

  • 13.12.2026

  • 26.12.2026

  • 27.12.2026

​

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1. МЕТЕОРИ – ВЕЛИЧЕСТВЕНА УБАВИНА И ИСТОРИЈА

Нашата авантура започнува со посета на Метеорите, едно од најпрепознатливите и највпечатливи места во Грција.

Огромните карпести формации, на чии врвови се издигнуваат православни манастири, создаваат глетка која навистина остава без здив.

Предвидено е слободно време од околу два часа за индивидуална посета на Големиот Метеор или манастирот Варлаам, во зависност од работното време и условите за посета.

Ќе имате можност да ја почувствувате посебната атмосфера на ова духовно и историско богатство, да ги разгледате манастирите и да уживате во прекрасните панорамски погледи.

​

2. РАБОТИЛНИЦА ЗА ИКОНИ И ТРАДИЦИОНАЛНИ СУВЕНИРИ

Продолжуваме кон традиционална работилница каде што се создаваат икони, рачни изработки и уникатни сувенири.

За време на посетата ќе се запознаеме со процесот на изработка и традицијата поврзана со овие предмети.

По презентацијата ќе има слободно време за разгледување и можност за купување автентични подароци и спомени од патувањето.

За посетителите се предвидува и посебно изненадување – учество во лотарија!

​​

​

3. ТРИКАЛА – ВО ВОЛШЕБНИОТ СВЕТ НА БОЖИЌНАТА МАГИЈА

продолжуваме кон Трикала, каде што нè очекува најпразничниот дел од нашето патување!

Ќе го посетиме познатото Божиќно село „Милата на џуџињата“ (Mύλος των Ξωτικών), кое секоја година привлекува посетители од различни делови на Грција и пошироко.

Илјадници светилки, украсени куќички, празнична музика, фантастични декорации и волшебна атмосфера го претвораат ова место во вистинска божиќна бајка.

Ќе имате слободно време за:

  • Посета на куќата на Дедо Мраз

  • Разгледување на фабриката за чоколади и колачиња

  • Прошетка низ празнично украсеното село

  • Фотографирање и уживање во празничната атмосфера

  • Индивидуални активности и дегустација на празнични специјалитети

Место каде што децата сонуваат, а возрасните повторно ја чувствуваат магијата на Божиќ!

​

5. ВРАЌАЊЕ КОН МАКЕДОНИЈА

По договореното време следува собирање на групата и поаѓање кон Македонија.

Се враќаме со прекрасни фотографии, нови впечатоци и спомени од еден исполнет празничен ден.

​

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

1.600 МКД ПО ЛИЦЕ

​

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Организиран превоз

  • Придружник за време на патувањето

  • Посета на Метеорите

  • Посета на работилницата за икони

  • Учество во организирана лотарија во работилницата

​

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување

  • Влезници за манастирите

  • Ручек и индивидуални трошоци

  • Влезници и индивидуални активности во Божиќното село, доколку се наплаќаат

​

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Влезницата за манастирите изнесува приближно 3–5 евра по лице, зависно од манастирот и важечките услови.

  • За посета на православните манастири потребна е соодветна облека. Жените треба да носат здолниште, а мажите долги панталони. Правилата за облекување ги утврдува секој манастир.

  • Посетата на манастирите зависи од нивното работно време и условите за влез.

  • Редоследот на посетите може да биде променет во зависност од сообраќајните и организациските услови.

  • Секој патник е одговорен за поседување важечки патен документ. За патување во Грција пасошот треба да ги исполнува важечките услови за влез во Шенген-зоната.

  • Паузите за време на патувањето се организираат според условите на патот и проценката на организаторот.

​

SRBINOSKI TOURS/Travel

За информации и резервации:
078 285 382

Подарете си еден ден исполнет со празнична магија, убави доживувања и спомени кои ќе траат!

+389 45 505 525- Агенција

+389 78 285 382- Маркетинг и организатор на патувања

+389 71 613 800-Превоз

+389 71 223 800-Административни услуги

bottom of page