top of page

НОВА 2027 ГОДИНА – БУДВА, КОТОР, ТИВАТ И ДУБРОВНИК

30.12.2026 – 03.01.2027 | 5 дена / 4 ноќевања

30.12.2026 (среда) – Поаѓање

19:00 ч Поаѓање од Кичево

Собирање на патниците и поаѓање во 21:00 часот од паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Патувањето се одвива преку Косово и Албанија, со предвидени паузи за одмор. Ноќно патување кон Црногорското приморје.

​

31.12.2026 (четврток) – Пристигнување во Будва и новогодишна ноќ

Пристигнување во Будва, сместување и време за одмор по патувањето.

Остатокот од денот е предвиден за индивидуално запознавање со Будва – прошетка низ стариот град, крајбрежјето и популарните места на Будванската ривиера.

Вечерта започнува новогодишната прослава! Уживајте во празничната атмосфера и концертната програма на отворено, на градскиот плоштад во Будва. Дочекот на Новата 2027 година е предвиден со настап на Жељко Јоксимовиќ, но не е официјално.

Факултативно: Посета на Котор и можност за дочек на Новата година со настапот на Здравко Чолиќ.

Ноќевање.

​

01.01.2027 (петок) – Тиват и Котор

Првиот ден од Новата година го посветуваме на откривање на убавините на Бока Которска.

Нашата прошетка започнува во Тиват, град познат по луксузната марина Porto Montenegro, елегантните јахти, уреденото шеталиште и бројните ресторани и кафулиња. Слободно време за кафе, прошетка и уживање во приморската атмосфера.

Продолжуваме кон Котор, еден од највпечатливите градови на Јадранското Море. Неговото старо градско јадро, опкружено со средновековни ѕидини, крие тесни камени улички, плоштади и значајни историски знаменитости. Можност за посета на катедралата „Св. Трифун“, црквата „Св. Лука“, црквата „Св. Никола“ и други знаменитости.

По разгледувањето, слободно време за индивидуални активности.

Враќање во Будва. Ноќевање.

Факултативна можност: Посета на Бар и учество во новогодишната концертна програма со Дино Мерлин.

​

02.01.2027 (сабота) – Дубровник

Ден предвиден за факултативна екскурзија до Дубровник, бисерот на Јадранското крајбрежје.

Градот плени со својата богата историја, впечатливата архитектура и препознатливите градски ѕидини. Прошетката низ стариот град открива прекрасни плоштади, цркви, палати, фонтани и тесни камени улички кои ја зачувале автентичноста на минатите векови.

Од градските ѕидини се отвора прекрасен поглед кон Јадранското Море и островот Локрум.

Слободно време за индивидуално разгледување, фотографии и уживање во атмосферата на градот.

Во договорено време враќање во Будва.

Ноќевање.

​

03.01.2027 (недела) – Враќање кон Македонија

Појадок и напуштање на сместувањето. Поаѓање кон Македонија во 12:00 часот. Патување со попатни паузи за одмор и освежување.

Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

​

ЦЕНА: 159 ЕУР ПО ЛИЦЕ

Програмата на концертите и настапите подлежи на официјална потврда и може да претрпи измени. Факултативните излети се организираат во зависност од интересот на патниците и условите за реализација.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на наведената релација

  • 3 ноќевања со појадок во хотел Аквариус – Будва

  • Организација и реализација на патувањето

  • Претставник од агенцијата за време на целото патување

  • Трансфер од Прилеп, М.Брод, Охрид, Струга, Кичево. Гостивар, Тетово и Скопје

(ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативна посета на Котор и Тиват – 20€

  • Факултативна посета на Дубровник​-35€

  • Факултативна посета на Котор на 31.12.2026, со новогодишна забава и настап на Здравко Чолиќ – 15 €

  • Факултативна посета на Бар на 01.01.2027, со забава и настап на Дино Мерлин – 15 €

  • Патничко-здравствено осигурување

  • Туристичка такса – 5 € за целиот престој

  • Влезници за културно-историските споменици

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За сместување во еднокреветна соба се доплаќа...

  • За деца до наполнети 10 години следува попуст од 30%.

  • ​

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

  • За овој туристички аранжман се применуваат општите услови за патување на туристичката агенција SRBINOSKI TRAVEL.

  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на посетите и активностите во програмата, доколку тоа го налагаат условите на патувањето.

  • Факултативните излети се реализираат со пријавени најмалку 25 патници.

  • За патување во Црна Гора е потребна важечка лична карта или пасош. За факултативната посета на Дубровник, Хрватска, потребен е важечки пасош со најмалку 3 месеци важност до истекот.

​

УСЛОВИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА И ОТКАЖУВАЊЕ

  • За реализација на аранжманот е потребна група од најмалку 40 патници. Доколку не се исполни минималниот број, агенцијата ќе ги извести патниците за евентуалното откажување најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Во случај на непредвидени околности или виша сила кои ја оневозможуваат реализацијата на патувањето, агенцијата ќе постапи согласно важечките законски прописи и општите услови за патување.

  • Доколку патникот самостојно се откаже од патувањето, а аранжманот може да се реализира без пречки, се применуваат условите и правилата за отказ утврдени во општите услови за патување.

  • Времетраењето на слободното време за индивидуални активности може да се менува во зависност од сообраќајот, временските услови и други околности на терен.

  • За време на индивидуалното слободно време, патниците самостојно ги организираат своите активности и одговараат за почитување на договореното време и местото на собирање.

  • Организаторот не презема одговорност за штети или дополнителни трошоци настанати како последица на непочитување на дадените инструкции и упатства од страна на патниците.

​

ВАЖНО ЗА МАЛОЛЕТНИТЕ ПАТНИЦИ

  • Малолетни лица кои патуваат само со еден родител треба да поседуваат соодветна нотарски заверена согласност од другиот родител, кога тоа е потребно според важечките прописи.

  • Доколку малолетното лице патува без родителите, потребна е соодветна согласност од двајцата родители и придружба на овластено полнолетно лице, согласно законските услови за преминување на државната граница.

​

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

159 € по лице

За информации, проверка на слободни места и резервации, контактирајте нè. Нашиот тим ви стои на располагање за сите дополнителни прашања.

SRBINOSKI TRAVEL
 

+389 45 505 525- Агенција

+389 78 285 382- Маркетинг и организатор на патувања

+389 71 613 800-Превоз

+389 71 223 800-Административни услуги

bottom of page