Escape Studios – Калитеа 2026
Калитеа е туристичко место кое се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун. Голема песочна плажа, кристално чисто море, природна убавина, бујна,медитеранска мирисна вегетација,каде што самата гостопримливост на домаќините го прават ова место примамливо за одмор. Ова место е познато и по големиот број на ноќни клубови кои се најпривлечни за младата популација. Калитеа е преполна со мали продавнички во кои може да најдете се и сешто, кафетерии, слаткарници, таверни.
Што е вклучено во цената
-
7 ноќевања за наем на студио 1/2+2
-
Wi-Fi
-
Клима уред
-
Базен
Што не е вклучено во цената
-
Превоз Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија за возрасен повратен билет 50 евра / 45 евра во еден правец
-
Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40 евра / 35 евра во еден правец
-
Туристичка такса 2е од ноќ од студио ( Се плаќа во агенција)
План и програма
Escape Studios
Доколку сте во потрага по модерен, удобен и стилски сместувачки студиа со приватен базен, лоциран на само 𝟓 минути пеш од најдобрите ресторани и динамичниот ноќен живот , во самиот центар на градот – 𝐄𝐬𝐜𝐚𝐩𝐞 е вашиот совршен избор за незаборавен одмор.Escape Studios се целосно ново опремени стуиа во Калитеа на 450м од плажа. Студиата се опремени со 1 брачен кревет и еден дополнителен кревет на спуштање, кујна за подготовка на лесни јадења , купатило и тераса. Сите студија се на приземје. Клима уредот,интернетот и користење на базенот се вклучени во цена. Во студиата може да се сместат максимум 4 возрасни лица ( со согласност од патниците бидејќи 3то и 4то возрасно лице ќе спијат на дополнителен кревет на спуштање).









