🌊 РАФТИНГ НА ТАРА – 05.09.2026
Авантура што ќе ја паметите цел живот!
Ако сте љубители на адреналин, недопрена природа и незаборавни патувања, ова е аранжман што не смеете да го пропуштите.
Ве водиме на едно од најубавите adventure патувања во регионот – Рафтинг на Тара, каде ќе ги доживеете магичните пејзажи на кањонот, тиркизната вода, одличната атмосфера и гостопримството по кое овој крај е познат.
Нашето сместување е во кампот Бастаси, сместен на самата обала на реката Дрина, во природен амбиент каде денот започнува со звукот на реката, а вечерите завршуваат со добра храна, дружење и музика во живо.
Покрај рафтингот, за сите љубители на активниот туризам има можност за дополнителни активности како џип сафари, хајкинг, кањонинг и zip line.
🗓 ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО 04.09.2026 (Петок)
Поаѓање во Петок доцни часови со попатно собирање на патници.
Патувањето продолжува преку Србија кон Босна и Херцеговина, со попатни паузи за одмор и освежување.
Во текот на патувањето ќе направиме кратка пауза во Вишеград, каде ќе имате време за кафе, ручек или кратка прошетка низ Андриќград, по што продолжуваме кон нашата крајна дестинација.
Пристигнување: 05.09 (Сабота)
Во попладневните часови пристигнуваме во кампот Бастаси, кој се наоѓа на околу 20 километри од Фоча, на самата обала на реката Дрина.Следува сместување во кампови, слободно време за одмор, прошетка покрај реката и уживање на терасите над водата.
Вечера.
Музика во живо и дружење.
Ноќевање.
06.09.2026 (Недела)
Појадок.
По кратката подготовка започнува највозбудливиот дел од патувањето – рафтинг на реката Тара.
По задолжителниот безбедносен брифинг и распределбата по чамци, секој учесник добива комплетна заштитна опрема:
✔ Неопренско одело ✔ Кацига ✔ Спасувачки елек ✔ Весло
Заедно со искусни лиценцирани скипери започнува незаборавното спуштање низ спектакуларниот кањон на Тара.
Рафтингот опфаќа околу 18 километри по реката Тара, а продолжува уште 4 километри по реката Дрина, нудејќи прекрасни природни пејзажи, кристално чиста вода и многу адреналин.
Во текот на авантурата се прават повеќе паузи за фотографирање и уживање во природата.
По завршувањето следува ручек во кампот.
Попладнето е слободно за одмор и слободни индивидуални активности.
Вечера.
Музика во живо.
Ноќевање.
07.09.2026 (Понеделник)Појадок.
По одјавувањето од собите, сите кои сакаат можат да ја продолжат авантурата со некоја од дополнителните активности.
🚙 Џип сафари
Возење со теренски возила низ Националниот парк Сутјеска, посета на прашумата Перуќица, водопадот Скакавац и панорамскиот видиковец Пријевор, под планината Маглиќ (2.386 m) – највисокиот врв во Босна и Херцеговина.
Во оваа тура е вклучен и дополнителен lunch пакет.
Дополнително, достапни се и:🥾 Хајкинг🌊 Кањонинг🎢 Zip line
Во договореното време поаѓаме кон Македонија.Пристигнување во вечерните часови.🏡 СМЕСТУВАЊЕСместувањето е во кампот Бастаси, лоциран на самата обала на реката Дрина.Кампот располага со повеќекреветни дрвени куќички и апартмани, ресторан со домашна кујна, пространи тераси над реката и прекрасен природен амбиент, идеален за одмор и дружење.💶 ЦЕНИ189 € по лице✔ Сместување во трокреветни, четирикреветни и повеќекреветни соби209 € по лице✔ Сместување во двокреветна собаБројот на двокреветни соби е ограничен и се доделуваат според редоследот на пријавување и уплата.✅ ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО✔ Автобуски превоз✔ 2 ноќевања✔ 5 оброци✔ Рафтинг на Тара✔ Комплетна рафтинг опрема✔ Лиценцирани инструктори✔ Локални трансфери✔ Туристички придружник од Србиноски Травел✔ Вечерна забава со музика во живо⭐ ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ🚙 Џип сафари🥾 Хајкинг🌊 Кањонинг🎢 Zip lineAdventure пакет – 50 € по лице❌ ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО• Пијалоци за време на оброците.• Дополнителните adventure активности (џип сафари, хајкинг, кањонинг и zip line).• Индивидуални трошоци.ℹ️ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИЗа реализација на аранжманот потребен е минимум пријавени патници.Патувањето може да се реализира со валидна лична карта или пасош.Организаторот го задржува правото на измени во редоследот на програмата доколку тоа е потребно поради временски услови, безбедност или организациски причини.Распоредот на собите го врши организаторот според типот на резервираното сместување и редоследот на пријавување.Се препорачува патниците да понесат спортска облека, обувки погодни за природа, костим за капење, пешкир и резервна пресоблека.
Со ова патување важат .





